Latest News

Get the Latest News, Views

and Current Affairs

.

Gallery

See the Latest Photos

of Events & Function

 

Community Events

Check for latest events & functions

supported by WMC-A

 

Facebook Posts

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АБОЛИЦИЈА ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО ВЕДНАШ И БЕЗУСЛОВНО!

25 јули 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува обвинителниот акт во случајот “Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за “повреда на избирачкото право и на слободата на определување на избирачите во 2012 година“, против Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец во соседна Република Албанија.

СМК најостро ја осудува и одлуката на Апелациониот суд во Скопје за одбивање на жалбата на Едмонд Темелко, и одлуката да му биде одземен пасошот и во Судот да се јавува еднаш неделно.

Специјалното јавно обвинителство и Судот морале да ги ценат околностите, здравствената состојба на Едмонд Темелко, дека има оформено потесно семејство, женет е и татко на две деца, како и тоа дека е член на советот на округот Корча и градоначалник на општина Пустец во Албанија.

СМК верува дека Специјалното јавно обвинителство и Судот постапиле спротивно на Устав и Закон, несвесни за последиците од нивните непримерни мерки по националните и државните интереси.

СМК верува дека Едмонд Темелко не е виновен за никакви сторени изборни измами во 2012 година и заради заштита на неговиот интегритет и достоинство, од Претседателот на Република Македонија бара да изрече итна и безусловна мерка аболиција, односно ослободување од обвинение за вина, како и да престанат сите понижувања и последици по него и по Македонците во Република Албанија!

СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец во три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Република Албанија! Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Републиката и во светот!

СМК изразува жалење, бидејќи Едмонд Темелко е жртва на политички реваншизам и колатерална штета од односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!
... See MoreSee Less

View on Facebook

Dosta vejke da se plasete , gore glavata - Pavlos Voskopolous ... See MoreSee Less

Τα Μυστικά της Μουσικής - The Secrets of Music, A Program which aired on Greek National TV EPT showing all the different Cultures of Greece, this is the Macedonian episode edited d...

View on Facebook

БАЛКАНСКИОТ ТЕРОР НА ХОЈТ БРАЈАН ЈИ

Пишува Тодор ПЕТРОВ

“САД ќе го зголемат својот ангажман на Балканот, за да го заштитат од негативните влијанија на Русија“, - ова го изјави заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји, за радиото "Гласот од Америка".

На ваквите изјави на Хојт Брајан Ји, кој се смета за висок функционер во американската администрација, човек да не знае дали да се смее или да плаче, бидејќи и врапците веќе ја знаат вистината за американскиот унилатерализам и европскиот центризам како трајно минато свршено време во мултиполарниот свет. Македонија мора да се прилагодува на новата гео-политичка сцена во светот!

По логиката на Хојт Брајан Ји од "подземната влада" на американските мултинационални корпорации заедно со Џес Бејли, остатоци од администрацијата на Барак Обама, САД веќе водат војна против својот најголем непријател кој го сметаат за производ на негативните влијанија на Русија во Соединетите Американски Држави: Изборот на американскиот претседател Доналд Трамп. Поголема шизофренија здравје!

За жал, наместо крај на Студената војна, американско-руски детант и мир и развој меѓу народите и државите во светот врз принципот на еднаква сувереност, Хојт Брајан Ји се однесува како последната конзерва од Студената војна, извадена од дното на Северниот Пол.

Е како Хојт Брајан Ји ќе го “штити Балканот од негативното влијание на Русија“, кога ЦИА инсталира војна за распаѓање на поранешна СФР Југославија, САД ја бомбардираа Србија, па ЦИА ја формира терористичката ОВК на Косово и терористичката ОНА во Македонија, како што ЦИА ги формира и Бин Ладен во Авганистан и ИСИС во Сирија и Ирак, на Блискиот Исток, со сите последици од војните на нивните пулени по светот и на Балканот.

Само, прашање е, како СДСМ ќе ја одбранат Македонија од руското влијание, кога државноста ја штитат од “антиквизацијата“ на про-американската Грција, и како ќе ги сочуваат руските корени на Македонците “како словени“ од зад Карпатите?

Останува во сеќавање интервјуто на Зоран Заев, на МТВ1 на 6 јуни 2017 година, кога рече: “Заради разочараност од долгото чекање пред вратите на НАТО или пред вратите на Европската Унија за отпочнување на преговорите, просторот остана бришан и пополека овде пенетрираше Истокот, а интересот на граѓаните за ЕУ и НАТО се изгуби.“

Ако според Хојт Брајан Ји, целта на посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Црна Гора на почетокот на 2 август, да разговара со владините и државните раководители на земјите од Западен Балкан, е “заштита на Балканот од негативното влијание на Русија“, тогаш таа посета е промашена!

За жал, Џес Бејли и Хојт Брајан Ли се најголемата причина за антиамериканското расположение во Македонија: Нивното грубо мешање во внатрешните работи на земјата домаќин, надвор од дипломатскиот кодекс и овластувања!

Во своето контроверзно интервју за “Гласот на Америка“, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, вели: “Ние преземаме чекори, кои имаат за цел да ги зајакнат земјите од регионот во однос на штетните влијанија, како од страна на Русија, така и од други земји и фактори. Ова се прави со цел да се убедиме дека ниту Москва ниту пак некој друг играч нема да успее да протурка штетно влијание во внатрешната и надворешната политика на балканските држави.“

Ако соработката со Руската фдеерација и Кина за САД е штетно влијание, тогаш секако не е соработка туку отворено непријателство бомбардирањето на Србија во 1989 година и симулираната војна во Македонија во 2001 година!

Македонија не сака да биде предворје на Калето, како што Косово стана предворје на Бонд Стил!

Македонија преферира активен мултилатерализам и билатерални односи со секој поединечно, врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа и немешање во внатрешните работи!

Македонија секако ќе очекува помош од Руската Фдерација и Кина, како постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, доколку САД, НАТО и Европската Унија вршат дестабилизација и контролирана нестабилност на Македонија, со цел формирање марионетска војна за сервисирање на определени глобални интереси на Вашингтон и Брисел за свои сфери на влијание на овие простори!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и иидентитетот на нацијата!

Македонците во светот отфрлаат пристапување во ЕУ и НАТО поради антимакаедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Македонија е во стратешко партнерство со САД, ама тоа не значи еднострано македонско почитување на американските глобални интереси наспроти Руската Федерација и Кина во Македонија и регионот, туку и американско почитување на македонските интереси за руските гасоводи и кинеската брза железница од Будимпешта до Атина низ Македонија!

Македонците од САД очекуваат, Вашигтон да остане доследен на признавањето на Македонија на 4 ноември 2004 година под државното име Македонија! Македонците од САД очекуваат, Вашингтон да се откаже од притисоците врз Владата за промена на името на државата заради грчкото вето во ЕУ и НАТО!

Впрочем, критиката кон американската администрација не значи анти-американизам, туку напротив, искреност поради пријателството кое се негува и надградува! Само пријателите се искрени во изјавите кон пријателите, а неискрени кон непријателите!

Затоа, стоп на балканскиот терор врз суверените нации и држави, од непожелните личности Џес Бејли и Хојт Брајан Ји!
... See MoreSee Less

View on Facebook

Next Steps...

Please follow us on Facebook.

Next Steps...

Please follow us on Twitter.